Врвен Продавач

ПРОДАЖБАТА Е ПРИСУТНА ВО СЕКОЈА ПОРА НА НАШЕТО ЖИВЕЕЊЕ, ЈА ПРАКТИКУВАМЕ СЕКОЈДНЕВНО НА СВЕСНО ИЛИ НЕСВЕСНО НИВО

Продажбата не е само деловен ангажман, тоа е начин на живот.
Ние сме социјални битија, нашите животи се преплетени со мноштво интеракции.
Но сепак, дали со сигурност можеме да кажеме дака сме комплетно свесни во колкав степен продажбата провејува во рамки на овие интеракции со околината кои ги имаме на редовна основа?

Продажбата во основа и суштина се сведува на влијание.
Влијание во рамки на семејството, помеѓу пријателите, на работа….

Споделувањето и бранењето на сопствените ставовите и мислењата пред околината, блиска или далечна, во суштина се сведуваат на продажба (обид да ги разубедиме оние околу нас дека сме во право).

МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ НА ПАТОТ КОН УСПЕШНО СОВЛАДУВАЊЕ НА ТАЈНИТЕ НА ОВАА УМЕТНОСТ

Гледано од друг аспект, технологијата забрзано станува се пософистицирана и поефикасна во моделирање на современите потреби на живеењето. Во вакви околности, културолошките промени предизвикани од овие трендови мандатираат комплетна еволуција во постулатите и редефинирање на улогата на продажбата и продажните професионалци доколку се стремиме кон градење на трајни релации со околината, со клиентите.

Колку сме поспособни да ги идентификуваме потребите и очекувањата на клиентите околу начинот како сакаат да бидат третирани, толку ќе бидеме поспособни на адекватен начин да ја приспособиме сопствената стратегија со цел да создадеме вредност во нивните животи.

ВРВНИТЕ ПРОДАВАЧИ СЕ МОДЕЛ НА ОДЛИЧНОСТ ЧИЈА СТРАТЕГИЈА Е УСПЕШНО МОДЕЛИРАНА ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА НЛП ТЕХНИКИ.

Пристапите вклучени во оваа дводневна програма, се базирани на истражувања за тоа што ја прави разликата помеѓу врвните продавачи на денешницата и сите останати. Откривме дека врвниот продавач на денешницата (и иднината!) е оној кој може да биде советник, коуч како и пред се да додаде вредност во се што прави. Ова е личност која несвесно испраќа иста порака и комуницира исти вредности како и свесната комуникација. Со други зборови, ова е некој кој е порамнет со самиот себе и со она што го продава. Над се, тоа е личност која инстинктивно се поврзува со другите на начин што другата личност се чувствува пријатно. Тие креираат простор во нивната комуникација во која другите се чувствуваат сигурно да влезат.

ДОКОЛКУ СТЕ ПОДГОТВЕНИ, МОЖЕМЕ ВЕДНАШ ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО НАШАТА СОРАБОТКА

Нашата мисија е да успеете да ја креирате верзијата од себе што потајно ја посакувате.

Претплатете се за да ги добивате најновите информации од Сенсум

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register