Тренингот „НЛП комуникација“ ги носи основните концепти на НЛП и одговорот на прашањето што е тоа што го прави НЛП уметност и наука за успехот. Ќе научите кои се столбовите на успехот на кои е основан НЛП и ќе спознаете како моќта на запазување и флексибилноста водат кон побрз и полесен начин на постигнување на саканите резултати. Ќе работите на развој на вештини за брзо воспоставување и усогласување со разни соговорници на кои ќе можете да извршите влијание.
Уметност и наука за успехот
НЛП е метод кој се занимава со препознавање, опишување и пренесување на успешни стратигии од една личност на друга или од една во друга област на живеењето. НЛП може да се примени во најразлични области на животот. Може и да се опише како отворен софтверски пакет во кој можат да се решат најразлични задачи применливи на разни сегменти во животот. Постојат многу термини кои се цврсто врзани за НЛП, но најзначајни се: модел, субјективност, комуникација, лична промена и усовршување.
Во оваа област се разговара за :
Значењето на НЛП
Кратка историја
НЛП автори
Модели на НЛП
Темели на НЛП
Флексибилност
Сите кажуваат за тоа колку е важна флексибилноста, но ретко каде се сретнува како таа се развива. Флексибилниот човек управува со ситуациите. Работете на својата флексибилност. Ќе научите како да ја подобрите својата флексибилност и на тој начин да ја зголемите својата влијателност врз другите луѓе и значително да го намалите нивото на стрес вo разни ситуации. Ќе научите како работите да ги разгледувате од различни страни и на тој начин да влијаете на вашите односи, бизнис резултати и др.
Во оваа област се разговара за :
Флексибилноста како столб на успехот
НЛП принципи – моќни постулати кои делуваат како филтер кон светот
Примена на НЛП низ вежби и дискусии
Изострување на сетилата
Научете конкретни алатки за квалитетна комуникација со другите независно дали им се обраќате во живо или преку електронска пошта, допис, понуда или слично. Научете како да пренесете влијателни пораки и како презентер да оставите впечатлив и позитивен впечаток. Како својата порака да ја прилагодите на соговорникот, а тоа да го направите едноставно и без напор. Научете на што да обратите внимание кај соговорникот, невербалните сигнали и јазичните обрасци кои ќе ви дадат многу повеќе информации за него. Научете да препознаете како размислува вашиот соговорник!
Во оваа област се разговара за :
Репрезентативни системи
Сетилен опис наспрема Интерпретација
Што ни говорат очите
Калибрирање (подесување)
Елементи на невербална комуникација и преговори
Елементи на невербална комуникација при стрес
Усогласеност
Усогласување со другите врз основа на говорот на телото и зборовите кои ги користат. Усогласувањето е основа на секоја комуникација. Научете да се усогласите со секој соговорник или група соговорници и на тој начин да бидете сакан колега, соработник и пријател. Научете да ја искористите таа усогласеност за подобрување на односот со луѓето од своето опкружување и со оние со кои сте за прв пат во контакт.
Во оваа област се разговара за :
Елементи за воспоставување на усогласувањето
Сепаратор
Следење и водење
Сенсум Тренинг и Коучинг е едукативна и консултантска компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија од областа на лидерството, професионален и личен развој. Ние користиме врвна методологија за лични и професионални промени како би ги поддржале клиентите во развојните активности и влијание на тие активности врз деловното работење.