м-р Зорица Поповска е основач на Сенсум – Тренинг и Коучинг. Таа е коуч и бизнис консултант. Сертифициран НЛП Мастер Тренер, член на ANLP и NLP Global Standards Association. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International.
Таа поседува огромно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење.
Нејзиното досегашно искуство вклучува голем број на успешно реализирани програми и обуки од доменот на личен и професионален развој, развој на лидерство, развој на таленти, продажба, преговарање, влијание и голем број на реализирани индивидуални и бизнис коучинг сесии.
Таа е одличен познавач на коучинг процесот ориентиран на цели и резултати, активен придонесувач за експанзија на психологијата ориентирана на решенија и НЛП. Како специјалист за човечки ресурси, таа ги промовира методите ориентирани на решенија за различни видови на корпоративни ангажмани, правејќи ги алатките ефективни и лесни за лидерите и менаџерите.
Пред да стане професионален тренер и коуч Зорица работеше како Директор на Секторот за продажба и развој во водечка осигурителна компанија на пазарот за животно осигурување.
После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, таа дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.