Profile Photo

Фокусирајте се на своите цели, реализирајте го она кон што тежнеете

Фокусирајте се на своите цели, реализирајте го она кон што тежнеете

Во пресрет на тренингот “NLP Practitioner” кој почнува во Октомври, полека се подготвуваме за голем исчекор во личниот развој. Затоа, за сите вас кои сакате да напредувате и да се развивате, подготвивме попладневна НЛП тренинг-работилница „ Фокусирајте се на своите цели, реализирајте го она кон што тежнеете“ во конференциската сала во „Хотел Милениум“ – Битола (ул. Широк сокак бр.46, Битола) во понеделник на 24-ти септември во 18 часот. Котизација: 500 денари.

Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!

⬇ За повеќе информации исконтактирајте не на: ⬇
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133

,,Energy flow where attention goes,, – „Енергијата тече во правецот каде е насочено вашето внимание“  е позната реченица на еден од најпознатите светски НЛП тренери Том Бест. Концептот дека енергијата тече онаму каде е насочено нашето внимание значи дека е пожелно  и мораме да се фокусираме на она што го сакаме, затоа што токму таму се акумулира нашата енергија и тоа расте.

За да го реализираме она кон што тежнееме треба да се фокусираме на нашите цели!

 

Прво треба да знаеме што сакаме, зошто тоа ни е потребно, како таа желба да ја дефинираме во цел и точно да знаеме каде таа цел ќе не однесе. Да се направи тоа треба да се има мудрост. Поставувањето на целите не е едноставно и затоа е  потребна НЛП техника која ќе биде интервенција точно, прецизно и детално да ги дефинирате вашите цели. Ќе помогне да ја насочите својата енергија, детално да разгледате нови идеи кои ќе се појават одговарајќи на прашањето ,,А што ако е се можно,,?

Работилницата е  фокусирана на вашите цели и ќе ви понуди НЛП алатки и техники да го откриете начинот на поставување на целите, а тоа ќе го направите во 3 часа интерактивна работа. Ќе имате можност да научите преку кои чекори исклучително успешните луѓе го правеле тоа .

На работилницата ќе научите и откриете:

➡ Што е тоа кон кое тежнеете, а можеби се чини невозможно

➡ Како правилно да ги дефинирате целите

➡ Што е цел, а што задача

➡ Кои ресурси ви се потребни

➡ Како ќе знаете дека сте на вистинскиот пат

Попладневната тренинг-работилница ќе ја реализираат Зорица Поповска и Билјана Галовска.

20/10/2019

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register