Три основни причини поради кои луѓето не се менуваат

“Три основни причини поради кои луѓето не се менуваат”

 

Како резултат на мојата работа со многу луѓе последните години, јасно произлегуваат навиките на однесување што ги спречуваат луѓето да направат промени. Една од најголемите и најпроблематични навики се изговорите. Оваа навика на заштита со изговори ја вклучува личноста во процес на изнаоѓање на сите причини зошто нешто не може да се случи, зошто не можат да направат промена или постигнат некоја цел. Повеќето се вистински мајстори на оваа стратегија, која е често многу ефективна бидејќи долго работеле да ги изнајдат сите причини зошто промената е невозможна. Па како да се помогне на некого да ја надмине оваа стратегија која самата по себе победува? Како да престанеме секогаш одново и одново да се саботираме себеси?

Клучот да се справиме со нешто како ова, лежи во нас и во нашето разбирање на една елементарна вистина. За да смениме било што, треба да станеме свесни за она за кое можеме да го контролираме. Повеќето од изговорите кои луѓето ги користат се работи над кои немаат контрола. Ништо не можат да направат со некои проблеми и затоа се осудени да имаат некаков проблем подолго време.

“Не можам бидејќи…”

Една форма од оваа мисловна навика е “Не можам бидејќи…”. Причината која ја наведуваат може да биде настан, личност или некоја надворешна препрека. Овој изговор често прави луѓето да се откажат од својата моќ и способност да превземат било што, поради нивната лоша среќа со причината која ја наведуваат. Важно е разбирањето околу тоа како поспецифично овие причини ги спречуваат да надминат некаков проблем и потоа нивно насочување и фокусирање кон она што можат да го направат.

“Веќе пробав се…”

Една од најлошите форми на овој мисловен образец е “Веќе пробав”. Ова е кога наведуваат дека веќе пробале се. Вистината е дека, најчесто не пробале се или не пробале соодветно. Ретко ние добиваме резултати веднаш откакоќе пробаме нешто. Само кога продолжуваме да работиме на нешто, учиме да успееме. Водењето низ процесот да разберат дека успехот доаѓа после континуирани обиди, флексибилност во пристапот и прилагодување, додека не успеат е суштинско. Тогаш повторно, фокусирање на она што можат да го направат и како можат да се подобрат или да направат стратегијата да функционира за нив, е она што води кон напредок, кон развој.

“Начинот на размислување”

Друг пример на овој патерн – заштита со изговор лежи во нивната “неспособност”, така што изговорите ги засноваат на нивната личност или вештини. Ова често го нарекуваме фиксен мајндсет. Ова значи дека тие се такви какви што се и никогаш не можат да бидат ништо поразлични од тоа. Преку работата на себеси почнуваат да усвојуваат друг мајндсет, познат како развоен начин на размислување. Почнуваат да согледуваат дека имаат способност да се подобрат и да се развијат, доколку посветат време и труд на нешто. Самиот процес низ кој минува личноста, доаѓање до тоа да разбере дека може да се подобри и не е заглавена во моменталните способности е многу важно за да се подржат да направат долгорочна промена.

Кога луѓето прават изговори, тие го прават тоа бидејќи се исплашени од промената или се плашат да пробаат да направат промена и да не успеат при тоа. Се плашат од несупех.

На крај излегуваат со изговорите кои ги штитат од овие две можности. Па при работата се внимава на тоа да се чувствуваат заштитени, за да знаат дека промената е во ред и да чувствуваат сигурност.

Уште поважно кога менуваме нешто, мораме да се фокусираме на она што можеме да го направиме за разлика од она што не можеме. На многу начини животот е таков. Постојат мноу работи кои се надвор од нашата контрола, па една од тајните да се има плодотворен и исполнет живот е разбирање и фокусирање на тоа што се наоѓа во наша контрола.

 

м-р Зорица Поповска

Професионален тренер и бизнис консултант

Основач на Сенсум Тренинг и Коучинг

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register