Работете во тишина, дозволете вашиот успех да биде вревата!

Работете во тишина, дозволете вашиот успех да биде вревата!

 

И покрај тоа што повеќето од луѓето се добри, внимателни, талентирани и добронамерни поединци, сепак постои една деструктивна тенденција, која се чини дека се провлекува буквално кај секој поединец, корпорација и индустрија. Таа тенденција ја нарекуваме „деловно фалење“.

Деловното фалење е споделување со другите колку сте неверојатно зафатени и колку многу напорно работите – не само попатно, туку како централна, главна тема точка на разговорот. Речиси како да носиме почесна значка што сме личност која е целосно преоптоварена, под стрес, лишена од сон и која има малку, ако воопшто личен живот.

Без никаква намера да минимизираме колку напорно луѓето работат или колку работата може да биде тешка и сеопфатна – сме биле таму. Проблемот е што фалењето со тоа колку сме зафатени го зајакнува стресот во самите нас. Не држи премногу фокусирани на најнегативните аспекти на нашата работа. Станува “самоисполнувачко пророштво”.

Ако направите чекор назад и размислите за тоа, веројатно ќе се согласите со тоа дека деловното фалење е исто така здодевна, непродуктивна тема за разговор.

Да бидеме реални. Дали вас ве интересира да слушате колку другите се зафатени? Сигурно повеќе би сакале да бидете покрај луѓе кои разговараат за интересни аспекти од животот – и сигурно и вие би сакале.

Значи, без разлика како гледате на тоа, деловното фалење не носи ништо добро. Ако сте премногу зафатени, или треба да намалите или да постигнете. Но, зборувајќи за тоа со другите само го влошува вашиот стрес и ве прави помалку интересна личност.

Вашата работа е важна.

 

Секојдневното ваше појавување,

Дури и кога е тешко и кога не се чувствувате добро,

 

Вие правите разлика.

Па, дури и во тешките денови –

Дури и кога сакате да се вратите и да не се појавите –

 

Запамтете: на светот му е потребна магијата внатре во вас.

Вашата работа е важна,

Вашата конзистентност е важна,

Вашите идеи се важни,

Вашето присуство е важно.

 

Па, само продолжете…

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register