Каква врска има НЛП со мене? Дали можам да го применам НЛП во околностите во кои се наоѓам? Ова се често поставувани прашања, за кои ние со задоволство разговараме и ги одговараме на нашата следна работилница на 23.04.2019 од 18:00 часот во Public room.
Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!
За повеќе информации контактирајте не на
info@sensum.mk или на телефонскиот број:
+389 70 551 133
Дознајте зошто НЛП е врвна методологија и „тајна“ состојка во успехот на сите успешни личности. Ве воведуваме во развојниот процес на кој се базирани техниките во Невро Лингвистичкото Програмирање, бидејќи како што знаеме одлуките и промените не се случуваат преку ноќ. Разговараме како овој врвен комуникациски модел ви овозможува сами да си го трасирате патот на вашиот личен и професионален развој. Затоа што веруваме дека секој од нас поседува внатрешен потенцијал кој крие лидерство, одличност, извонредност, компетенции… А пролетта е вистински момент сето тоа да го разбудиме и секако, да почнеме да го живееме. Вистинско време да се вратиме на патеката на процесот кој сакаме да го живееме. Да ги промениме навиките и вредностите кои не задржуваат и ограничуваат и да воспоставиме рамка за успешно, фокусирано и насочено однесување.
НЛП е мултидимензионален процес кој вклучува развој на вештините на однесување и флексибилноста, но исто така го вклучува и разбирањето на менталните и когнитивните процеси за однесувањето. На друго ниво НЛП е околу себеоткривањето, истражување на идентитетот и мисијата. НЛП воспоставува рамка како да станеме влијателни комуникатори, менаџери, лидери, уметници и како да развиеме компетенции, одличност, мудрост и визија.
Настанот е бесплатен, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари со вклучена консумација.
Агенда:
17:30 – 18:00 Регистрација на учесниците
18:00 – 20:00 Работилница: „NLP Talks / НЛП разговори “
Новата генерација на “NLP Practitioner” почнува на 04-05 – мај.
Остануваат уште 2 слободни места.
За повеќе информации обратете се на горенаведените контакти, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.
На самата едукација “NLP Practitioner” во светот на НЛП – то ќе ве воведат НЛП Мастер Тренери на НЛП Центар, Атриа Гроуп СЕЕ Белград.
Предавањето ќе го одржи Зорица Поповска.
Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.
Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на Erickson Coaching International)
Како да се подготвите и да се пријавите?
Постојат два услови:
- Бидете спремни да учите
- Одвојте 2 часа за себе
Доколку ги исполнувате наведените услови – пријавете се!
No comments, be the first one to comment !