“Совршена бура”

“Совршена бура”

Ситуацијата со COVID 19 почна како и сите други бури. Со благо ветре кое полека собираше и никој не забележа веднаш, уште на почеток.  Набрзо ги погоди сите аспекти на нашето живеење, сеуште трае и никој не може со точност да предвиди кога ќе заврши.

Старите претпоставки за бизнисот почнаа полека да избледуваат, одеднаш се појави нов наратив, нови дискусии и лидерите ширум светот се чувствуваат загрижени и предизвикани. И најреализираните лидери станаа несигурни околу начинот како да водат во овие ранливи и несигурни околности.

Ова се тешки времиња. Метафората на совршена бура одлично ја отсликува моменталната реалност. Сведочиме на време во кое комплексноста и различноста се соединија. Тоа ги предизвикува нашите лидерски претпоставки. Сите се сложуваат дека ова е најпредизвикувачкиот период во нашата историја. Дури и најпаметните стратегии не се способни адекватно да го мапираат новиот свет. Уште повеќе што работите се менуваат од ден во ден. Немаме мапа за оваа нова територија, ниту пак имаме време за долги периоди за проучување и разгледување.

Па што можеме да направиме­? Што е во наша контрола? И што е клучно во бурни времиња?

Во вакви времиња потребно е лидерите брзо да се прилагодат и да се потпрат на своите верувања и инстинкти, но и на оние на нивните луѓе. Исто како и капетаните кои се обидуваат да ги одржат своите бродови во пловна состојба во време на бура, така и лидерите мора да се потпрат на она што знаат дека е вистина за нив. Да се потпрат на советите, идеите и сугестиите на другите во тимот. Да го искористат својот полн потенцијал и ресурси. Сите ние ги имаме сите потребни ресурси за да се справиме во тешки ситуации и за да успееме.

За тоа да се случи, стишете ги стравовите кои очекувано се појавуваат за време на бура и ја убиваат краетивноста на тимот. На кој начин? Така што ќе станете љубопитни околу новата ситуација. Која е таа нова иднина која е на повидок, кои нови можности ги носи за вас и кои вие станувате, во што прераснувате за да се вклопите и да напредувате?

Фокусирајте се на довербата. Поврзете се со членовите на тимот и усогласете се со нив. Соберете ги луѓето и имајте заеднички состаноци, многу состаноци  (во периодов виртуелни). Сега е време кога треба да се држите заедно.

Да, ситуацијата е екстремно комплексна, но стоење во проблемот нема да ви донесе нови решенија. Водете разговори од срце, разговарајте за можности, за вредностите во вашата компанија, за визијата и во која насока ќе се движите. Заеднички донесете ги најважните и најдобри идеи и потоа дефинирајте нови акциски чекори.

Луѓето се важни и држете се заедно. Ко-креирајте нова иднина, нови начини. Ситуацијата бара многу флексибилност и огромен фокус во насока на изнаоѓање начини за да функционираме.

Искрено разговарајте со вашите тимови за редуцирање на трошоците, разговарајте за различните начини да го управувате бродот и во овие времиња на бура.

Фокусирајте се на можностите, држете ја енергијата високо.

Корона вирусот нема да не повреди доколку сме кооперативни, поврзани и се подржиме едни со други.

Тешките времиња не траат вечно и тешките времиња создаваат силни луѓе и силни тимови!

 

м-р Зорица Поповска

Професионален тренер и бизнис консултант

Основач на Сенсум Тренинг и Коучинг

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register