5 полиња на кои Невро Лингвистичкото Програмирање ќе ви донесе неверојатни резултати

„5 полиња на кои Невро Лингвистичкото Програмирање ќе ви донесе неверојатни резултати“

Сенсум Тренинг и Коучинг Ве кани на бесплатна работилница на тема: „5 полиња на кои Невро Лингвистичкото Програмирање ќе ви донесе извонредни резултати“  која ќе се одржи во конференциската сала во „Public Room“ (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во среда 13-ти март во 18 часот.

Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!

За повеќе информации исконтактирајте не на:

info@sensum.mk

или на телефонскиот број:

+389 70 551 133

Невро лингвистичкото програмирање е светски призната методологија чиј фокус е комуникацијата, самомотивацијата и поставувањето цели. Во партнерство со NLP Centar од Србија, Сенсум тренинг и коучинг организира три нивоа на НЛП едукација: NLP Practitioner, NLP Master и NLP Trainer. На првото ниво, NLP Practitioner, учесниците се запознаваат со основните алатки, техники и принципи на оваа методологија, а понатаму на повисоките нивоа го надградуваат и усовршуваат своето знаење. Тренингот е ориентиран кон индивидуата. Тоа всушност значи дека секој учесник на тренинзите е активно вклучен во тренингот, применувајќи ги научените НЛП алатки и техники во реални ситуации со кои се соочува во секојдневниот живот.

Значителен придонес со примена на НЛП алатките и техниките можете да остварите на многу полиња во животот, а некои од нив се:

Подобро разбирање на самите себе

Постојаното брзање и секојдневните обврски многу често не ни оставаат простор да се запрашаме – Што всушност ние сакаме? НЛП методологијата го проучува начинот на кој ние функционираме. Па така, со самото изучување на НЛП ние го освестуваме нашето однесување. Ќе откриеме кои однесувања ни се помалку корисни и на тој начин ќе бидеме во можност да ги промениме.

Поставување цели

Вашите планови повеќе нема да бидат фиктивни. НаNLP Practitioner, ќе научите како да ја дефинирате целта што е навистина важна за вас, а потоа како да ја постигнете таа цел. Исто така, НЛП техниките ќе ви помогнат да ги надминете многуте предизвици со кои се соочувате. Вие ќе бидете мотивирани и флексибилни и вашиот фокус ќе биде силен.

Подобро разбирање на другите луѓе

Како што НЛП ви овозможува да се запознаете подобро самите себе, исто така ќе ви олесни да ги разберете и другите луѓе. Конечно, ќе добиете одговор на прашањето – зошто газдата не ме слуша кога му се обраќам директно, зошто мојот пријател не се сеќаваше на она што го повторував многу пати … Со изучување на НЛП ќе научите како да ги примените принципите кои ќе ви помогнат да ја видите ситуацијата од поширок агол и затоа да можете да одговорите на истата на соодветен начин.

Ефикасна и прецизна комуникација

По обуката за НЛП вие ќе ги искажете своите мисли јасно и прецизно. Исто така, со поставување на прецизни прашања ќе  ги добиете информациитекои ви се потребни. На овој начин ќе бидете во можност да избегнете бесмислени и заморни разговори. Ќе се прилагодите на различни типови на соговорници и ќе постигнете успех во секоја комуникација.

Користење на сопствениот потенцијал

Колку пати ви се случило да се фатите себеси како одложувате важен бизнис повик затоа што се чувствувате неудобно? Запрашајте се колку пати сте комуницирале со некој непознат додека сте закажувале за на стоматолог, лекарски преглед или едноставно сте сакале да дознаете повеќе информации? Како е можно во еден контекст да ја користиме нашата способност, а во другиот не? Со користење на алатките и техниките на НЛП, ќе можете да ги искористите своите вештини секогаш кога ќе ви бидат потребни. Зборот “невозможно” веќе нема да постои за вас.

Ако овие вештини се важни за вас и сакате да ги подобрите за да постигнете поголемо влијание, да го подобрите квалитетот на животот и, пред сè, да живеете во согласност со вашиот потенцијал, придружете ни се на 13ти и 14тиаприл на новата обука NLP Practitioner.

Пријавете се на време, има уште две места за да се пополни групата.

Текстот е преведен и прилагоден од блогот на нашите партнери од НЛП Центар

Извор: https://nlpcentar.com/5-situacija-u-kojima-ce-vam-nlp-doneti-neverovatne-rezultate/               

Ова интерактивно предавање ќе Ве запознае со техниките на највлијателните луѓе на денешницата, како врвните менаџери, лидери и високо продуктивни индивидуалци.

Доколку сакате да дознаете повеќе за НЛП методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување на успех, придружете ни се на бесплатната работилница која ќе се одржи на 13.03.2019 год во „Public Room“и на која ќе имате прилика да слушнете повеќе за НЛП, но и да научите конкретни алатки кои можете веднаш да ги примените.

Работилницата е бесплатна, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари со вклучена консумација

Агенда:

18:00 – 18:15 Регистрација на учесниците

18:15 – 20:00 Работилница на тема: „Подобрете ја комуникацијата, подобрете го вашиот живот“

Уписите за новата генерација на  “NLP Practitioner” се во тек. За повеќе информации обратете се на горенаведените контакти, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.

На самата едукација “NLP Practitioner” во светот на НЛП – то ќе ве воведат НЛП Мастер Тренери на НЛП Центар, Атриа Гроуп СЕЕ Белград.

Работилницата ќе ја води Зорица Поповска.

Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер,  Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на Erickson Coaching International)

Како да се подготвите и да се пријавите?

Постојат два услови:

  • Бидете спремни да учите
  • Одвојте 2 часа за себе

Доколку ги исполнувате наведените услови – пријавете се!

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register