Размислувањето фокусирано на решенија користи прашања за да даде нова рамка на проблемите и да привлече внимание на успешни настани и позитивни можности. Не е специфична техника која треба да се практикува, повеќе е став.
Затоа, предлагам да се запознаете со стратегиите и прашањата наведени подолу, за кога ќе се соочите со ситуација која ја карактеризирате како проблем, можете да влијаете во насока на развој на решение.
– Откријте што води кон решение и побарајте повеќе од тоа.
– Доколку некој наведе проблем, прашајте за исклучоци: време кога тоа не било проблем или не се случувало. Прашајте ги што прават во тоа време што придонесува за отсуство на проблемот и побарајте повеќе од тоа.
– Одвојте ги проблемите од луѓето и посветете внимание на позитивниот потенцијал на луѓето.
– Ако слушнете генерализирани негативни коментари, прашајте ги луѓето да набројат исклучоци од таа генерализација.
– Посветете внимание на тоа што луѓето го прават успешно и охрабрете повеќе од тоа.
Поставете прашања ориентирани на решенијата:
– Ако овој проблем исчезне преку ноќ, која би била првата работа која ќе ја забележиш наутро, а која би укажувала на тоа дека работите се подобрени?
– Ако се сретнеме за шест месеци и твојот проблем се решил, што би ми кажал дека се случило?
– Која би била најмалата акција што можеш да ја направиш сега, во насока на решение?
Бонус прашање:
“Ако можевте да го решите овој проблем, како ќе го направевте тоа?”
Ако сеуште приговарате, само “замислете” или “измислете” и порано или подоцна ќе дојдете до одговори со повеќе решенија отколку што мислевте дека ги имате.
м-р Зорица Поповска
Професионален тренер и бизнис консултант
Основач на Сенсум Тренинг и Коучинг
No comments, be the first one to comment !