„Кога ќе го промените начинот на кој гледате на работите, работите на кои гледате се менуваат.“

 

Кога ќе го промените начинот на кој гледате на работите, работите на кои гледате се менуваат. И ова не е само игра на зборови, ние не можеме да ги решиме внатрешните проблеми со решенија генерирани од надвор.

 

Алберт Ајнштајн еднаш забележал дека најосновната и главна одлука која секој од нас треба да ја направи во својот живот е да си даде одговор на прашањето “Дали живеам во пријателски или непријателски универзум?” Кое од овие две?

 

Дали вашата перцепција е универзум кој е полн со непријателство и гнев и луѓето не се сакаат и се повредуваат меѓусебно, дали е тоа што го гледате? Бидејќи ако го гледате светот на таков начин тоа и ќе го креирате за себеси во својот живот.

Не постојат незадоволства што се оправдани. Без оглед што некој ни кажал, без оглед каков гнев доаѓа кон нас, без оглед со колку непријатности можеби се справувате во вашиот живот, не постојат оправдани незадоволства. Ако вие имате во себе незадоволство во врска со нешто или некој – можеби некој бил злонамерен кон вас или агресивен, можеби некој ве напуштил за некој друг, било која работа која себеси си ја објаснувате како ваше право да бидете незадоволни, тие незадоволства секогаш вас ќе ве повредуваат и ќе креираат во вас чувство на очај.

 

Настојувањето да го промениме светот често е бегство од завршувањето на тешката внатрешна работа која е потребна да ја завршиме за да се исцелиме себеси. Обидувањето да ги промениме другите околу нас, може да ни даде чувство на морална супериорност, “Јас сум добар, еве укажувам на недостатоците на другите”. Така само уште повеќе се оддалечуваме од нашето лично исцелување.

Тоа не попречува да ги видиме сопствените неадекватности, сопственото незнаење.

 

Првата работа кон исцелување е да признаеме дека не знаеме, да бидеме понизни. И другата работа е да бидеме храбри да признаеме.  И знам дека е тоа тешко во свет во кој секој сака да е совршен, специјален и уникатен.

Понизноста и храброста бараат да погледнеме внатре и за многумина од нас тоа е најстрашната работа да се направи. Ама знајте дека токму таму, внатре во нас се наоѓа клучот на нашите проблеми и страдања.

 

За ваша најсветла иднина,

Зорица Поповска

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register