„Доверлив комуникатор – влијателен комуникатор“
Сенсум Тренинг и Коучинг Ве кани на бесплатно предавање на тема: „Доверлив комуникатор – влијателен комуникатор“ кое ќе се одржи во конференциската сала во „Public Room“ (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во петок на 19-ти април во 18 часот.
Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!
За повеќе информации исконтактирајте не на:
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133
Сакале ние или не – со секоја комуникација се врши влијание , некогаш свесно, а многу почесто несвесно. Без оглед на тоа дали станува збор за свесно или несвесно влијание НИЕ носиме голем дел од одговорноста за резултатите од комуникацијата – најмалку колку и личноста со која разговараме. Доколку сакаме да ја зголемиме веројатноста за успех – корисно е да ги осознаеме механизмите за влијание и да развиеме вештини за влијателна комуникација.
Ако имате потешкотии да направите влијание или сакате да го подобрите своето влијание врз другите луѓе, ако сакате оние, на кои се упатени вашите пораки, упатства, барања, електронски пораки и сл., да изреагираат како што вие сакате ТРЕБА да ги научите вистинските работи за себе и другите.
На ова предавање, ќе посветиме внимание на следното:
- – Како да изградите доверба со различни типови на соговорници
- – Како да креирате позитивно влијание во релациите
- – Како да ги совладате вештините за постигнување “win-win” резултати
Токму НЛП ни дава можност да бидеме врвни во она што го правиме. Примената на НЛП алатките ви помага успешно да се носите во различни ситуации со кои се соочувате во рамки на улогите кои ги имате.
Ова интерактивно предавање ќе Ве запознае со техниките на највлијателните луѓе на денешницата, како врвните менаџери, лидери и високо продуктивни индивидуалци.
Доколку сакате да дознаете повеќе за НЛП методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување на успех, придружете ни се на предавањето кое ќе се одржи на 19.04.2019 год во „Public Room“и на која ќе имате прилика да слушнете повеќе за НЛП, но и да научите конкретни алатки кои можете веднаш да ги примените.
Предавањето е бесплатно, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари со вклучена консумација
Агенда:
17:30 – 18:00 Регистрација на учесниците
18:00 – 20:00 Предавање на тема: „Доверлив комуникатор – влијателен комуникатор“
Уписите за новата генерација на “NLP Practitioner” се во тек. За повеќе информации обратете се на горенаведените контакти, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.
На самата едукација “NLP Practitioner” во светот на НЛП – то ќе ве воведат НЛП Мастер Тренери на НЛП Центар, Атриа Гроуп СЕЕ Белград.
Предавањето ќе го одржи Зорица Поповска.
Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.
Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на Erickson Coaching International)
Како да се подготвите и да се пријавите?
Постојат два услови:
- Бидете спремни да учите
- Одвојте 2 часа за себе
Доколку ги исполнувате наведените услови – пријавете се!
No comments, be the first one to comment !